Победникот на Икс- Фактор и наш поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, живее убави и исполнети семејни денови, особено откако стана татко по третпат, односно вторпат од бракот со сопругата Марина.
Поп пејачот секојдневно доживува голема радост и среќа поради божјата благослов да се оставри како татко на синче и ќерка – малите Стефан и Емилија.

Уште откако се роди Стефан, Даниел е отворен да споделува моменти со јавноста, како и овој пат, но сега пејачот фокусот го стави на малата наследничка чии музички гени од тато очигледно предничат.
Седната зад клавирот стискајќи ги црно- белите клавиши, малата Еми почна да покажува кои „играчки“ и се најинтересни, а тато со гордост го сподели овој момент.

Бидејќи мама Марина е медицинар, а тато во музиката, ќерката барем сега засега изгледа дека повлекла на него.

Инаку, малата убавица Емилија наскоро во месец ноември ќе полни една годинка.
фото:Instagram printscreen/ daniel_kajmakoski







