Радио Милева честитка

„Среќен Божиќ на сите што слават“  –  Анастасија Ражнатовиќ  се огласи од Севиља (фото) 

„Среќен Божиќ на сите што слават“  –  Анастасија Ражнатовиќ  се огласи од Севиља (фото) 

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ веќе некое време живее во шпанскиот град Севиља со сопругот, фудбалерот Немања Гудељ.

Шпанија е земја со длабоки католички корени и традиции, па вчера поголемиот дел од Шпанците го прославија празникот Божиќ.

По тој повод, Ражнатовиќ сподели фотографија на социјалните мрежи, на која може да се забележи топла празнична атмосфера со внимателно одбрани детали кои ја доловуваат магијата на Божиќ.

Во описот, Анастасија напиша: „Среќен Божиќ на сите кои го слават денес!“, на шпански и на англиски јазик.

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ ја започнаа љубовната врска на почетокот од 2022 година. Фудбалерот ја запроси пејачката лани на Ибица, по што направија црковна венчавка во Севиља, градот каде што живеат и каде што Гудељ ја гради својата фудбалска кариера.

фото: printscreen/instgaram

To top