Радио Милева губење време

Социјалните мрежи се „вжештија“ поради изјавата на Рада Манојловиќ за читањето: Не зема книга во раце поради ова

Социјалните мрежи се „вжештија“ поради изјавата на Рада Манојловиќ за читањето: Не зема книга во раце поради ова

Рада Манојловиќ вели дека не може да чита книги бидејќи не го привлекуваат нејзиното внимание.

Пејачката е позната како личност која нема комплекси, некоја која е искрена и не се срами да каже работи што многумина се двоумат да ги кажат. Нејзините искрени изјави брзо стануваат вирални, а многумина се согласуваат со нејзиното мислење.

Новата изјава на пејачката дефинитивно е изјава со која многумина се согласуваат кога станува збор за книги.

Не чита книги, за да не ослепи.

На прашањето која книга последен пат ја прочитала, пејачката имаше малку подолг одговор, но сè разјасни.

– Јао, јас и книгите и книгите и јас, јас немам концентрација. Не сум смирена ни кога читам книга, сето тоа ми е губење време, но почекајте да објаснам зошто. Инаку, имам милијарда книги и ги почнувам сите, но не ми се интересни. Всушност јас и не знам што сакам од животот, можеби имам погрешни книги, не знам. Сестра ми ми донесе нешто Бог те прашува, сè, нешто психологија, нешто… За мене, сè е старт-стоп, се тегнеме книгата и јас, кој ќе потрае подолго. Претпочитам повеќе филм или пак, книга адаптирана во филм. Образложението е дека многу работам ноќе и нешто друго ме опушта. Постојано ѕиркам во телефонот и уште  ми фали само книга да земам  и целосно да ослепам – рече Манојловиќ во емисијата „Без филтера“.

фото: print Screen/Instagram

To top