Анастасија Ражнатовиќ објави прекрасна фотографија од базенот на својот Инстаграм профил, привлекувајќи големо внимание од своите следбеници.
Ќерката на Цеца, која живее во Севиља со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, ретко се појавува во јавноста, но останува присутна на социјалните мрежи, каде што редовно споделува делови од своето секојдневие.

Овој пат, таа објави фотографија од базенот, покривајќи го горниот дел од телото со раката и давајќи му на фотоапаратот заводлив поглед. Нејзиниот бронзен тен и витката фигура беа особено истакнати.

Анастасија и Немања Гудељ купија луксузна вила во Севиља која чини шест милиони евра. Тие речиси една година бараа имот кој ги исполнува сите нивни барања, а неодамна пронајдоа дом од бајка. Како што кажал изворот, тие постојано реновираат нешто откако се преселиле во новата вила, но не успеале сè да го средат онака како што го замислиле.

фото: print Screen/Instagram







