Радио Милева блескај

Снеже Велков има рецепт за убавина со безвременски сјај и тоа за без пари (фото)

Снеже Велков има рецепт за убавина со безвременски сјај и тоа за без пари (фото)

ТВ водителката Снеже Велков утрото редовно го стартува со вежбање уште со првата зора, физички секогаш подготвена, ама и ментално. Снеже секогаш  за добро утро „си ја пее“ својата сопствена химна за здрав живот, физичка и ментална гимнастика со максима од која нема исклучок.

Ова понеделничко утро денот го стартуваше секако со вежба, но и со статус кој им се допадна на многумина, не чини пари, а резултатот и повеќе од неверојатен и со безвременски сјај. Единствено што треба е да се почитуваат сопствените, лични норми, а истите мора да бидат поврзани и со сите оние што не опкружуваат, но главната појдовна точка е од себе.

Рецептот гласи вака:

Дали знаете дека оние кои се радуваат на туѓата среќа изгледаат помладо?

Оние кои од срце им честитаа на успехот на другите имаат по блескава кожа

А на оние кои пишуваат коментари и пораки на поддршка и пофалби два пати побрзо им расте косата

Културните луѓе обично имаат поцврсти нокти а воспитаните поздрави заби.

На љубезните пак шансата да имаат убав ден им се зголемува до 73%

Па?

На чија среќа денес ќе се радувате?- пишува Снеже.

Едноставно, не чини пари, а ви носи ултра супер ефект, треба само да се постави „мајд сетот“ и нека тргне денот.

На Снеже и тргна со насмевка која ги виде стотината позитивни реакции што ги предизвика на Инстаграм, нека тргне и за Вас вака, или барем колку се може!

 

фото:Instagram printscreen/ velkovsneze

To top