Радио Милева пред да го отвориш срцето, отвори очи...

Скрб и утеха: Кој тоа длабоко ја разочара Сузана Гавазова и со што пејачката ја „залечи“ длабоката душевна болка?

Скрб и утеха: Кој тоа длабоко ја разочара Сузана Гавазова и со што пејачката ја „залечи“ длабоката душевна болка?

„Колку ти се поголеми очекувањата, толку ќе ти биде поголемо и разочарувањето“ – вели една стара поговорка, па затоа многумина откако безрезервно ќе се дадат некому, безгранично ќе му веруваат, беспоштедно ќе му помагаат… на крај неретко остануваат длабоко разочарани! Со скрб во душата,  „со прстот в уста“!

Ваквите случаи се неретки, всушност се’ почести, а меѓу многумината „изграни и изневерени“ се нашле и некои од познатите  естрадни личности. Конечно и тие се само луѓе, па последниот пример на  Сузана Гавазова ја потврдува тезата дека „пред да ги отвориш срцето и душата“, отвори „четири очи“ за кого тоа го правиш!

Имено, струмичката фолкерка на своите Инстаграм приказни споделила сопстевно искуство, од кое јасно може да се заклучи дека некој кому му направила добрина од срце кога тоа му било најпотребно,  тој и го „скршил“ нејзиното, ја изневерил, измамил, разочарал, не возвратил со барем малку почит.

Кој е и што е, за кого и за што конкретно се работи, пејачката во објавата не обзанани, иако е јасно дека се работи за блиска личност или повеќемина на кои им помогнала, а тие потоа тоа не го ценеле и ја заборавиле.

Но, затоа сега Гавазова преку оваа јавна порака сакала да ги потсети дека таа кон нив била човек, а од нив не добила ниту малку почит! Патем, пораката музички ја зачинила со песната „Се’ е лага“ на Дино Мерлин, колку дополнително да (ги) потсети, за какви личности се работи.

А кога некој тотално ќе те разочара и ќе ти нанесе длабока душевна болка, мора да постои и лек зашто истата ќе ја „залечи“! Песната е велат најдобар лек за душата, ама кога си пејачка таа некако оди во пакет со бакшишо, огледан во кешот со кој те даруваат додека ги забавуваш! Како утеха за твојот скрб, за „лечење“ на длабоко наесената душевна болка?!

Фото и видео: Инстаграм/suzanagavazova

To top