Радио Милева „плаче“ за... танга

Скопската старлета од Дубаи освен на нејзините усни и гради има силиконска „надградба“ и одзади: Драгана Спасовска со извајан задник во крушковиден облик (ФОТО)

Скопската старлета од Дубаи освен на нејзините усни и гради има силиконска „надградба“ и одзади: Драгана Спасовска со извајан задник во крушковиден облик  (ФОТО)

Драгана Спасовска е некогашен македонски модел, трендсетерка, старлета, убавица… наречете ја како сакате.

Денес позната  инфлуенсерка  која веќе со години живее и работи во Дубаи, оддамна не изгледа како на почетокот кога се појави во јавноста. Однеодамна, на низата естетски зафати за убавина им додаде уште еден. Имено, Драгана се „поднови“ со нов силиконски задник.

Имено, атрактивната скопјанка  повторно се решила да ги искористи предностите и благодетите на пластичната хирургија и со тоа да добие задник каков што отсекогаш посакувала.

„Да, вистина е. Се решив на овој чекор бидејќи сакав да имам совршено обликуван задник. Операцијата ја направив  во една приватна клиника во Турција и многу сум задоволна од целиот третман, условите и од резултатот најмногу. Деновиве добив многу прашања колку ме чинеше овој зафат, но навистина не би сакала да откријам. Се работи за неколку илјади евра“ – ќе изјави Спасовска.

Родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка, своевремено стана прилично популарна и во Бугарија, бидејќи и таму ја градеше кариерата и беше дел од многу модни настани и избори за убавина.

Драгана на на македонската јавност и стана позната уште пред  повеќе од десет години, кога се појавуваше разни во емисии, правеше жешки фотосесии, даваше изјави полни со „бисери“.

Кога пукна за прв пат аферата за иневерувањето, односно разделбата на Пике и Шакира, токму бугарските медиуми беа тие што во јавноста објавија сензационална вест и се појавија  фотографии каде  Драгана е во друштво на  Пике, тврдејќи дека таа е девојката заради која фудбалската ѕвезда се  разведува од пејачката, што подоцна самата Драгана го демантираше.

Веднаш направи „промоција“ на новиот задник на социјалните мрежи, објавувајќи дузина фотографии од плажа на нејзиниот Инстаграм профил, на  кои го покажа нејзиното ново  ремек-дело, извајано одзади на нејзиното тело.

Тоа и во бугарските таблоиди  не помина незабележано, напротив… На нивните насловници осамнаа нејзините фотки со новата „позадина“, а во насловите пишуваше дека сега Драгана има задница како Ким Кардашијан!

Како и да е, покрај естетски модифицираните гради, усни, коса… силиконската убавица сега има навистина нова задница. И таа силиконска, секако!

Убаво обликуван, доволно испакнат и напучен во крушковиден облик…

Нов извајан задник, како овален абажур, „кој плаче“ за… танга!

Фото: Инстаграм/spasovskadragana

 
To top