Победничка на „Ѕвезде Гранда“ за сезоната 2023/2024 е Шејла Зониќ.
По деветмесечна битка, работа и труд на менторите и на кандидатите, конечно триумфираше најдобрата, а тоа според гласовите на публиката е Шејла Зониќ од Босна.
Имаше вкупно 529.000 од кои за третопласираната, нашата македонска кандидатка Андријана Петришовска, 71.187, второпласираниот повторно наш Мики Секуловски,102.103 гласа додека Шејла Зониќ од тимот на Цеца Ражнатовиќ освои 132.014 од кои стана новата победничка на „Гранд“.
View this post on Instagram
Во трката за победа во која беа вкупно 20 натпреварувачи, по три круга, односно изведби во суперфиналето, најпрвин се издвоија 12, потоа шест кандидати, за на крајот за останат најдобрите тројца, Мики Шејла и Андријана.
View this post on Instagram
Возбудата и адреналиност беа на највисоко ниво се до самиот крај, а годинава Македонија уште еднаш се гордееше со своите талентирани грла.
фото: Инстаграм принтсцреен/ Zvezde Granda/ You Tube printscreen /Svetski Radio