Шеф Никола Мишковски изминатите неколу месеци го смени својот животен стил од корен.
Кога го започна овој свој животен проект, Никола најави дека оваа промена нема да застане само со симнување неколку килограми, тој сега стигна со ново ниво од кое многумина ќе речат дека е премногу и дека треба да врати некој килограм назад.

Од сопствената кујна излезе како победник на својот ум со доследност и мотивација кои до донесоа до лична сатсфакција, па макар тоа не се допаднало секому.
Новата 11-та сезона на „Брза кујна“ ја започна како друг човек, а коментарите на сметка на неговиот изглед не застануваат.
-Влегов да бидам фит… излегов беееее – напиша тој во најновото видео од кое ги насмеа следбениците ама и ги испровоцира да пишуваат се’ и сешто.
View this post on Instagram
-„Не може шеф без стомак, „Не му верувај на слабичок шеф“, „Врати си назад некое кило“… гласат само мал ден од стотината коментари, а пак Никола веројатно сакаше да покаже дека порај вежбањето, потребен е и правилен избор на храна, особено онаа свежата.

-Секој ден кога ќе влезам во теретана, тоа е битка со себеси. Не со тежините, не со другите луѓе – туку со гласот во главата што сака да се откаже.Тука нема магија, нема тајни формули. Постојат само труд, дисциплина и истрајност. Секое повторување е чекор поблиску до целта. Секој литар пот е доказ дека не се предавам. Болката е привремена, но резултатите и гордоста остануваат засекогаш. Затоа не застанувај кога си уморен – застани кога ќе завршиш. Не дозволувај изговорите да бидат посилни од твоите соништа.Патот е тежок, но вреди. Ова е мојата приказна. Ова е мојата мотивација. А ти? Дали ќе ја дадеш твојата 100% денес?
Очигледно дека шеф Никола е задоволен и му е убаво да функционира со она „во здраво тело, здрав дух“ – има ли нешто поважно?!
фото:Instagram printscreen/nikola_mishkovski







