Фолк-ѕвездата Сузана Гавазова има огромна причина за славење!
Во нејзиното семејство пристигна најубавата вест – нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ стана дедо, откако неговиот син од првиот брак, Емил, доби син.
Среќната вест пејачката веднаш ја сподели со своите бројни следбеници на социјалните мрежи, каде што објави емотивна порака која за неколку минути собра илјадници лајкови и честитки.

„Ни дојде уште една голема радост! Нашиот Емил, синот на Јасмин, доби син! Среќата е неопислива, срцата ни се полни со љубов и благодарност. Имаме прекрасен повод за славење и заедно да ја прославиме оваа најубава вест. Нека е жив, здрав и благословен, а на среќните родители им посакуваме безброј насмевки, љубов и незаборавни моменти со нивното мало богатство“, напиша пресреќната Гавазова во својата објава.


Сузана Гавазова и нејзиниот сопруг Јасмин се во среќен и хармоничен брак повеќе од една деценија. Нивната љубовна приказна започна во Шведска, каде што Јасмин живееше и работеше, а по неколку години поминати таму, парот одлучи да се врати и да го продолжи својот живот во Македонија.
Гавазова во повеќе наврати во медиумите истакнувала дека Јасмин е нејзината најголема поддршка како во приватниот живот, така и во кариерата. Круна на нивниот заеднички брак се нивните две прекрасни ќерки, Емили и Селена, со кои пејачката често споделува фотографии од нивните семејни патувања и празнични моменти.

Дека во нивното семејство владее огромна почит, доказ е и одличниот однос кој Сузана го негува со Емил, синот на Јасмин од неговиот претходен брак, доказ е токму оваа објава за новороденчето и новопечениот дедо.
Честитки до среќното семејство за новородениот внук!
фото:Facebook/ Suzana Gavazova




