Јелена Карлеуша во недела ќе настапи на музички фестивал на Ушче, каде што ќе биде ѕвезда на вечерта.
Пејачката најавувајќи го спектаклот во кој ќе ужива нејзината бројна публика, се осврна и на тешкиот период и инцидентот во кој ја нападна нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, со кој моментално е во процес на развод:
– Имав турбулентен период зад мене, тоа го знаат сите. Кармички сакаат да немам мир во животот, па не можам ништо друго освен она во што сум најсилна и најдобра, а тоа е мојата професија и музика.
– Сега работите малку се смирија и се надевам дека нема да се повтори Армагедон и крајот на светот кога сум во прашање јас – искрено признала Јелена.
фото: printskrin/instagram/karleusastar