Младата пејачка Теодора Џехверовиќ реши да сподели со своите следбеници на Инстаграм новогодишна честитка што ѝ ја испрати нејзиниот брат Сава, кога часовникот отчука полноќ.

– Драга сестро, среќна Нова Година! Ти посакувам само да го задржиш духовниот мир и здравје, останатото ќе го направиш сама. Многу пати покажа дека можеш да го постигнеш она што си го зацртала, па затоа не се грижам за тоа. Само сакам Бог да те заштити – напиша Сава.

Теодора, исто така, ги сподели своите чувства, нагласувајќи дека нејзиното семејство е нејзин приоритет.
– И на крајот на денот, ова е единственото нешто што е важно, да си опкружен со вистинските луѓе, да ги сакаш и цениш своите најблиски и да ги заштитуваш. Да го прегрнеш своето семејство и да бидеш благодарен што се таму и да се молиш на Бога да останат таму долго време. Моето семејство успеа да ме одгледа така што во животот најмногу се стремам кон духовни вредности – напиша пејачката, меѓу другото.

Foto: Instagram.com/teodoradzehverovic







