Поранешната водителка Кија Коцкар ги откри деталите од нејзината свршувачка и рече дека е воодушевена од нејзиниот веренички прстен.
Откако објави дека е запросена, Кија се огласи и ги откри деталите од нејзината свршувачка.
– Се случи на мојот омилен празник, Божиќ. Како што знаете, секоја година организирам вечера за пријателите и додека разменуваме подароци, тој клекна и ми предложи брак. Секако, реков ДА! Не можеше да избере подобар момент. Божиќ, моите најмили пријатели заедно, интимна атмосфера. Тој точно знаеше какво запросување и каков прстен сакам, затоа го сакам – рече воодушевено Кија, чиј веренички прстен е особено интересен.

Ова е прстен од луксузниот бренд „ван клиф“, кој е направен од 18-каратно злато и се смета за симбол на префинетост и дискретна елеганција.
Неговата вредност се проценува на околу 10.500 долари, што го прави овој прстен едно од ексклузивните парчиња што не се носат без посебна причина.
– Сите знаете дека сакам цвеќиња и букети, а сега го имам најубавиот букет на раката, кој сепак трае малку подолго – изјави за Pink.rs Кија, која неодамна сподели интимни пораки што ги разменува со својот партнер.
Foto: Printscreen/Instagram/kijakockar







