Радио Милева брачно сценарио

Сара Мејс „збесна“ на сопругот откако тој ненајавен ја улови во незгоден момент: „Следна недела со клоца ќе ви отворам врата“ (видео)

Сара Мејс „збесна“ на сопругот откако тој ненајавен ја улови во незгоден момент: „Следна недела со клоца ќе ви отворам врата“ (видео)

Познатиот брачен пар Сара Мејс и Димитар Атанасовски минатиот месец ја славеа 10 годишнината од нивната љубовна приказна.

Тие двајцата сега повторно се во центарот на вниманието но, овој пат во поинаков контекст.

Имено, македонскиот водител и маркетинг менаџер  Димитар Атанасовски изразил желба да ја посети неговата сопруга во студиото каде што вежба на нејзиниот базичен инструмент, харфата.

Тој го извадил мобилниот и почнал да ја снима додека таа свирела но,  Сара го забележала и инсистирала да престане да го прави тоа.

Димитар од сцената што ја видел се подзамислил и дошол до интересен заклучок кој на Сара очигледно не и се допаднал.

Сепак тој, видеото го сподели на социјалната мрежа Инстаграм и со големи букви напиша:

„Учи дете за да не работиш“, а подолу додаде дека 20 години подоцна, единствено што му паѓа на памет е карактерот на Ерик Картмен, како изговара дека сепак  „тоа е тоа“.

 

Харфистката не остана покуса и му напиша еден подолг текст со кој му се „закани“ на својот сопруг дека ќе му врати за непријатноста што и ја предизвика.

 

„Ццц, ја ти влагам вака на работа Димитре? Очекувај ме наредна недела со клоца да ви отворам врата и да влезам со се камери во канцеларија“.

Сара беше повеќе од искрена, а како ќе се одвива ова брачно сценарио останува будно да следиме, бидејќи кратките приказни на социјалните мрежи кај нив двајца се секогаш подолги и целосно исполнети со интересни моменти кои несебично ги споделуваат со следбениците.

фото: printskrin/instagram/sarahmace__/dimitaratanasovski_

To top