Домот е местото каде се чувствуваме најубаво, каде сме најслободни, па дури и да има вклучена камера.
ТВ водителката Сања Савеска секојдневно е на снимањата за „Брза кујна“, но тука се и нејзините бројни инфлуенсерски ангажмани кои не ретко ги добива за разно разни производи.

Локации за снимање секогаш се потребни, но кога креативноста не баш работи или едноставно одговара да биде во домашен амбиент, тогаш изборот за снимањата останува да биде дома.
Токму оттука, имаме се почесто можност да ѕирнеме во домот на водителката Сања која во така опуштено домашно светло ја покажа својата приватна оаза на мирот.

Сиви, беж и бели тонови од минималистично уредениот дом, барем од аголот од кој успавме да ѕирнеме во дневниот простор.
Светлина, геометриски фигури, едноставни линии се изборот на водителката за она кое и се допаѓа за прв избор од местото каде ни е најубаво.

Ако сега погледневме во дневната, веројатно од некоја друга маркетинг приказна на Сања, ќе ѕирнеме и во останатиот дел зад четирите ѕида на пиознатата водителка.
фото:Instagram printscreen/sanja_saveska







