Радио Милева неизмерна среќа

Розга се расплака на концерт во Белград: „Отсекогаш сонував за ова“ (фото)

Розга се расплака на концерт во Белград: „Отсекогаш сонував за ова“ (фото)

Познатата хрватска пејачка Јелена Розга  синоќа одржа концерт во Белград.

Концертот го започна со песната „Циркус“, а во текот на ноќта свиреше песни од повеќедецениската кариера, некои од периодот кога беше во групата „Магазин“, некои свои соло хитови.

– Имам трема! Се тресам… Многу сум среќна, пресреќна сум, отсекогаш сонував за концерт во Сава центар – изјави Јелена Розга со солзи во очите.

Носеше бунда, додека нозете и беа голи, а косата ја пуштила да и падне преку рамениците.

Публиката секоја песна ја пееше во рефрен со Розга, која не ја криеше својата неизмерна среќа.

Синоќа меѓу првите во Сава Центар се појави и младата музичка ѕвезда Александра Пријовиќ, која изгледаше како да излегла од модната писта.

Таа облекла широки црни панталони и кафеава бунда, додека околу вратот имала ланче, а косата и била само фенирана, пишува Блиц.

 

 

To top