Финалистот на една од претходните сезони на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, и победник на втората сезона од „Пинк ѕвезди“, Мите Стоилков стана татко.
Мите и неговата сакана Марија станаа родители на женско бебе за кое гордиот татко се пофали на социјалните мрежи, а наедно откри дека малечката ќе се вика Иларија.
-Љубов, од Бога дарувана!
Иларија 05.03.2026, стои во кусото дополнување на фотографијата од стомакот на веќе тазе породената мајка.

Честитките се редеа од „стори“ објавите на тато Мите кој сигурно дека деновиве ќе пее, наздравува и чести за малата наследничка.

За потсетување, Мите и Марија пред околку година ипол организираа свадба со традиционалното одење по невеста, трубачи и голем број пријатели.

Мите и Марија не ја експонираа својата љубовна врска, а заедно беа неколу години. Марија стидира општа медицина во Штип и цели да биде идна докторка.
Честитки, да е здрава и жива!
фото:Instagram printscreen/ mitestoilkov





