Радио Милева вокално споени

Публиката чекаше и дочека македонски дует од „Ѕвездите на Гранд“: Се вкрстија гласовите на Мики и Андријана (видео)

Публиката чекаше и дочека македонски дует од „Ѕвездите на Гранд“: Се вкрстија гласовите на Мики и Андријана (видео)

Пред нешто повеќе од една недела заврши и 18-тата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде уште од старт имаше верувачки кандидати за финеле и секако победа.

Крајот, односно финалето издвои двајца Македонци како најдобри, односно го добивме високото второ и трето место со Мики Секуловски и Андријана Петрушевска кои приредија возбуда до максимум за верната македонска публика.

Шејла Зониќ ја понесе титулата за најдобра, но ниту нашите според нивните вокални способности не беа ништо покусо да се рамни на победа.

Она што гледачите и фановите на натпреварот редовно го коментираа и посакуваа да го гледаат, беше македонски дуел кој и баш немавме можност да го гледаме освен во една прилика кога пееја Омар Џафероски и Мики Секуловски.

Сега откако се’остана за во историја од популарното шоу, победниците се уште се под наплив на емоции и возбуда, а за тоа дополнително придонесува што откако се вратија на свој терен се повеќе се барани за настапи, па и гостувања во емисии.

Во една таква прилика, Мики и Андријана повторно застанаа заедно на сцена, а заедно ги вкрстија и гласовите за песната „Назад, назад Калино моме“. Моќно до ежење, токму онака како што тие умеат, само овој пат вокално споени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @andrijanapetrusovskafp

Инаку, Андријана во знак на благодарност за своите поддржувачи и фанови ќе има свој концерт во населба Драчево, каде и самата живее.

Настапот е закажан за 30-ти Јуни од 20 часот, а гости на настанот ќе и бидат Мики и Александар Јосифовски.

фото:Instagram printscreen/ andrijanapetrusovskafp

To top