Јована Пајиќ и фронтменот на бендот „Тропико“, Сале Тропико, важеа за еден од најхармоничните парови на естрадата, а нивната одлука да се разведат изненади многумина.
Јована целосно и се посвети на кариерата, додека Сале веќе си најде нова љубов.
Во една прилика пејачката проговори за раскинувањето и ги откри сите детали.
– Едноставно се развивме во различни насоки. Реков: „Престанав да те сакам“. Едноставно тоа е така. Можеме да бидеме идеални пријатели до крајот на животот, но во однос на тој заеднички живот и кои се вредностите за него, кои се вредностите за мене, како ја гледам иднината на нашето семејство или на моите деца, веќе немавме исти ставови – започна таа во емисијата „Магазин ин“ и додаде:
– И веќе не се работи за таа различност, туку за загрозување меѓусебно, и загрозување на нашето ментално здравје и на нашите деца – рече Јована.
Да потсетиме, Јована своевремено во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“ призна дека долго време го идеализирала својот брак, додека не сфатила дека мора да се откаже од него и да продолжи понатаму.
фото: printscreen/instgaram/