Радио Милева емотивно

„Правеше сѐ да ми биде полесно“ – Лила Филиповска со искрена благодарност кон една личност

„Правеше сѐ да ми биде полесно“ – Лила Филиповска со искрена благодарност кон една личност

Лила Филиповска е водителка на која дефинитивно не ѝ недостасува самодовербата, и тоа лесно се забележува.

Во нејзината професија, каде промените се неизбежни, Лила со леснотија знае како да ги прифати, задржувајќи ја својата препознатлива уникатност и стил.

Сега, Лила покажа и една посебна страна од себе – длабока благодарност и доверба кон својот фризер, со кого ја сподели својата приказна за пријателството и поддршката во тешките моменти.

Во еден емотивен пост покрај заедничките фотографии, кои се дело на, Спасе Јовановски попознат како Спасе – „Рола до бола“,  верен придружник на водителката,  таа напиша:

„Тебе ти дозволив да ја скратиш мојата коса кога немавме друг избор. Не дозволи да правиме драма од тоа туку смислуваше фризури и правеше сѐ да ми биде полесно. И ми беше ! Покажа грижа,поддршка и разбирање во секој поглед . Ова е приказна за доверба, благодарност и пријателство што ќе трае… фала ти драг мој“.

По периодот во кој ја победи борбата со ракот на дојката, Лила стана уште похрабра во прифаќањето на промените. Нејзините нови фризури, кои досега беа потреба, денес се и стилска пракса, а заслугата за тоа ѝ припаѓа на нејзиниот фризер, кој со својата поддршка ѝ помага да блеска.

Лила заводливо позира со нејзиниот пријател и посебно драга личност, во високи потпетици и мрежасти хулахопки, додека тој ја допира за косата како вистински професионалец.

Задоволството и емоцијата од конечниот изглед, лесно може да се прочита од нејзиното лице, а тоа е  потврда дека Лила знае како да ја носи секоја промена со стил и самодоверба.

Foto: print screen/Instagram/lilafilipovska

To top