Велигден се одбележува точно на полноќ кога се слави христовото воскресение, а на овој празник се поздравува со Христос воскресе – Навистина воскресе.
Подоцна следи и кршењето на јајцата кое е омилено за сите генерации па секој со радост ја негува оваа традиција.
Така верниците како и секоја година и сега појдоа до црква за да го дочекаат Христовото воскресение.
Некои од нашите познати Македонци испратија и празнични пораки со желба за мир и здравје.
Во продолжение погледнете ги велигденските пораки кои тие ги објавија на своите профили на социјалните мрежи:
Калиопи Букле
– Христос Воскресе!
Денес на овој свет ден, славиме со срце и длабоко верување во доброто…
Зошто возљубеноста е единственото лице на нашата верба…
За подобар свет и подобро утре!
View this post on Instagram
Лила Филиповска
– Ако веруваш во мене и да си мртов ќе живееш
Христос Воскресна!!!
Нека ни е вечен Велигден драги пријатели!
View this post on Instagram
Марјана Станојковска
– Христос воскресна! Навистина воскресна!

Кристина Димитри
Христос Воскресна! Навистина Воскресна! За многу години. Се надевам дека во молитвите на сите од нас беше Кочани.

Огнен Здравковски
– Слава тебе Господи! Христос Воскресна! Бог да ни даде, здравје, љубов, мир и благослов на сите. Честит и Благословен Велигден ви поскаувам на сите!

Редакцијата на Вистина и ним им посакува среќни Велигденски празници… Христос воскресна – навистина воскресна… За многу години Велигден!
фото: printscreen/instagram







