Мина Наумовиќ, сопругата на водителот Огњен Амиџиќ, се породи на 9 март и го роди синот Перун.
Гордите родители секојдневно уживаат со бебето,а на својот Инстаграм профил мајката често споделува фотографии од семејниот дом.
Така, водителката неодамна се пофали на мрежите и откри дека нивното бебе наполнило еден месец.
Сега објави заедничка фотографија со Огњен и малиот Перун, а една сличност е повеќе од очигледна.
Бушавата коса на бебето е речиси идентична со фризурата на водителот, а јасно е од кого ја добил. Судејќи по фотографијата, Перун е вистински татински син, а гордата мама не ја крие среќата поради тоа.
фото: printskrin/instgaram/callmenaumi