Летото до неговиот календарски крај, 21-ви Септември, на радост на многумина најавено е дека ќе биде сончево и топло. Оние кои не се подготвени да го испратат и да се збогуваат со плажата, песокот и жешкото сонце, сигурно ќе направат уште некоја летна тура, дома или надвор од границите.
Како и секое лето, така и ова, по социјалните мрежи кога познатите се во прашање, се изнагледавме фотографии од плажа, особено од припадничките на понежниот пол.
Со вакви или такви бикини, на оваа или онаа плажа, некоја мора да се издвои.
Ако некогаш своевремено Мелита беше таа што „бомбардираше“ со жешки бикини фотки, слична на неа беше и Александра Накова, па и по некоја пејачка, годинава меѓу оние поактивните е Марјана Станојковска.
Додуша Марјанчето не пропуштила ниту едно лето без да доминира со својот телесен раскош во бикини, па така и ова лето 2024 то беше исто толку жешка како и температурите кои беа пекол.
View this post on Instagram
Одморче ваму или таму, што спонзорирано од инфлуенсерството, што во сопствена режија, Марјана се нашета, се изнасонча, се разлади во солена вода Јадранска и Егејска, а и охридска.
View this post on Instagram
Бидејќи е една од повлијателните инфлуенсерки, имаше доста што да изрекламира, а со тоа да си направи и себепрезентација во бинини од сите бои и дезени.
View this post on Instagram
Жешко и секси, разладување за себе и на плажа под туш, ама и плакнење очи за сите нејзини следбеници на Инстаграм кои имаа што да гледаат.
View this post on Instagram
Лето 2024-то почна жешко, а веруваме дека и така ќе го испратиме – со најжешкото од Марјана.
фото:Instagram printscreen/ marjanamay