Радио Милева збогување

„Почивај во мир најмил Андреј, а ти најмил Панчо…“ – Катарина Ивановска сподели дел од видеозаписот „Најмила“ со членовите на групата ДНК (видео)

„Почивај во мир најмил Андреј, а ти најмил Панчо…“ – Катарина Ивановска сподели дел од видеозаписот „Најмила“ со членовите на групата ДНК  (видео)

Во последниот поздрав до својот  пријател Андреј Ѓорѓиески од дуото „ДНК“, манекенката Катарина Ивановска објави заедничко видео каде е заедно со Панчо и трагично починатиот вокал Андреј.

Покрај видеото кое го сподели на кратката приказна на Инстaграм, Катарина Ивановска се прости од Андреј со емотивни зборови, а за Панчо верува дека ќе се избори. На истата објава им се обрати и на 59  – те починати млади деца:

– Почивај во мир најмил Андреј. А ти најмил Панчо  знам дека ќе се избориш. Почивајте мирно сите 59 ангели на небото.

Катарина Ивановска се појави како модел во видеозаписот  за песната  „Најмила“,   каде се реплицираше на двете места –  покрај Андреј и покрај Панчо.

Инаку, песната излезе во месец март пред неколку години  токму месецот кога и се случи несреќата со стравичниот пожар.

Панчо и Андреј  – ДНК  месецот на жените,  им го честитаа тогаш со нова песна, едноставно насловена како – „Најмила”.

Фото: Printscreen/imnstgaram/YouTube

To top