Мегафон ТАЖНА ВЕСТ

Почина познатиот македонски пејач Стојан Здравевски – Столе, член на групата „Боеми“

Почина познатиот македонски пејач Стојан Здравевски – Столе, член  на групата „Боеми“

На 63 годишна возраст почина Стојан Здравевски – Столе, член на реномирана музичка група „Боеми“ од Битола.

Стојан Здравевски – Столе е еден од основачите на “Боеми“, музицираше на кларинет и беше одличен и во вокалното пеење.

На почетокот на неговата кариера учествуваше во музичката групата „Боцкин“, а од 1989 година Столе заедно со Тони, Панскиот, Ѓершано и Стево ја формираа групата „Боеми“.

Неговите колеги  се простуваат од познатиот македонски пејач.

„Почитувани пријатели, со неизмерна тага ја споделуваме веста дека нè напушти нашиот Столе. Замина нашиот долгогодишен другар, музичар и дел од семејството на групата Боеми. Зад себе остави безброј спомени, песни, настапи и моменти кои засекогаш ќе останат во нашите срца.

Столе, ти благодариме за сè што поминавме заедно – за пријателството, хуморот, насмевките и музиката што ја споделувавме низ годините. Почивај во мир, Столе. Никогаш нема да бидеш заборавен. Нека ти е светол патот до вечноста! Твоите Боеми“, пишува на официјалниот фејсбук-профил на групата.

Пријатели на Зравевски откриваат дека последната година водел тешка битка со канцерот.

To top