Сузана Гавазова и ова лето го тера по стариот проверен рецепт. Малку работа, малку одишка на душата. Тезгите и настапите никогаш не и недостасувале, а и мигови за одмор и релаксација – никогаш доста.

Токму затоа атрактивната фолкерка ја користи секоја прилика да биде некаде на сонце покрај вода… Дали е тоа викенд куќата во Дојран, дали е Егејот и морето кај јужниот сосед или некоја сосема трета егзотична дестинација, зависи од ситуација до ситуација.

Но, каде и да е Гавазова не отстапува од своите ритуали. Меѓудругото и тура прошетка покрај плажа, морскиот брег или базенот, нешто беш што не може да и помине денот. А тука расната струмичанка е неприкосновена кога е во прашање позирањето пред камерата. Сигурен чекор небаре е манекенка на модна писта или заводливи пози како некој светски топ модел, без разлика дали е на домашната теараса, балконот или дворот на некој хотел.
Така беше и во оваа прилика кога пејачката додека одмора на Халкидики, тргна на бикини прошетка да се слика. Овој пат со кученцето во рацете, со која се гушкаа, а Сузето сакаше да покаже колку кафената пудла е слатка!

И не дека не е ем слатко ем убаво, само што не сите погледи беа концентрирани на него, зашто оние „љубопитните“ повеќе се фокусираа на нешто друго.
Бујната предница на расната пејачка и останатиот нејзин телесен раскош и убавина, ја засенија дури и пудлата. Особено кога Сузана во белите бикини се шетка покрај базенот, а потоа онака испружена на лежалка позира покажувајќи како ужива, додека од под градникот се наѕира набрекнатата брадавица на струмичката фолк убавица!
А што да прави и самата, кога мајката природа ја надарила, а естетската хирургија го надградила она што ги бранува сите сетила, а возбудата ја прави толку силна, дури неподнослива, штом фрлите само еден поглед на бикини прошетката на Сузана Гавазова!
Фото: Инстаграм/suzanagavazova






