Откако победи во годинешното финале во „Ѕвездите на Гранд“, македонскиот претставник Никола Станишиќ сè уште ги сумира впечатоците. Завчера му беше доделен и автомобилот што го доби како награда за победата.

Со оглед на тоа што моментално е во Белград поради обврските, откри кога си доаѓа дома, зашто Македонците со нетрпение го очекуваат неговото враќање.
„Ако овде не ми договорат дополнително нешто друго, ќе одам во Македонија во петок навечер. Се надевам, ќе има голема забава. Не можам сега одовде нешто да организирам, но се надевам дека мојата Македонија ќе има прилика да види кога ќе ги поканам моите пријатели од натпреварот, моето семејство и целиот Гранд да дојдат во Македонија“ – рече Никола.

Бидејќи голем број пејачи се селат во Белград поради работа, победникот кажа дали и тој размислува за таков чекор во блиска иднина.
„Би било убаво, ако веќе имам работа тука, секако дека ќе се преселам. Уште пред победата работев насекаде, па зошто да не сега?! Белград е прекрасен град за мене и би сакал да бидам тука“ – категорично потврди Станишиќ.

Освен што освои место меѓу првите 12 кандидати во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, на атрактивната и сексапилна Ива Јокановиќ во истиот период се случија и други убави работи во животот, кои ги сподели и со тимот на Гранд.

Неодамна успешно заврши средно училиште, се запиша на факултет, а потоа го положи и возачкиот испит.
„Оваа година е навистина одлична за мене, искрено сè оди одлично. Одам на факултет, морам да се посветам на пејачка кариера, амбициозна сум, мислам дека ќе успеам во сè. Боже мој, факултетот може и да почека, важно е јас да пеам. А што се однесува до возењето, реков дека кој ќе победи мора да ми ги предаде клучевите од колата, а за возврат… Јас ќе го возам на свирки“ – се пошегува Ива.

Епа Никола, машала… Аирлија двојно задоволство: Ем ваква убавица да те вози кроце, ем да ти пее на увце! Уште ако навистина се пресели во Белград, сексапилната белграѓанка ќе му биде на дофат!
Фото: Инстаграм/ivajokanovicc/nikolastanisik







