Дара Бубамара редовно пеела на ромските свадби, а поради инцидент на прославата решила сега да воведе одредени правила.
Фолкерка е снимена на свадба додека се расправа со маж, а сега објасни што се случило.
Имено, пејачката ja навредувал домаќинот на прославата, кому дури и му фрлила шише во глава:
„Пеев на ромска свадба… Многу сум достоинствена, не се истакнувам. Отпрвин, кога за прв пат ме поканија на тие ромски свадби, не знаев што е тоа. Сега знам и веднаш кажувам толку и толку тоа чини, доаѓам на 45 минути, пеам и си одам. На таа свадба за која зборувам, а беше во Виена, имаше 1.500 луѓе. Секој си го тераше меракот, но имаше еден господин кој мислам дека беше и еден од домаќините кој многу ме провоцираше. Пијана работа… Бараше една иста песна 10 пати и тоа да биде дует. Јас му објаснував дека е матрица и дека нема шанси за дует. Тој не попушташе па му се раздрав: Мрш од овде, ти ќе ми кажеш“.
Фото: printskrin/инстаграм