Пејачката Едита Арадиновиќ моментално е бремена, а со нaјновата објава ги изненади сите. Таа покажа дека не ги почитува строго сите правила кога станува збор за бременост, па се фотографираше со пиво.
Едита однапред ги предупреди своите следбеници дека „не сака да слуша предавања, ниту да прифаќа непобарани совети“.
– Кој сака нека честита. Прво пиво по долго време – напиша таа на кратката „приказна“ со чаша, а им се обрати и на хејтерите.

– И не ми држете само лекции и не ми давајте несакани совети… Ви благодарам – рече Арадиновиќ. Едита, за потсетување, неодамна се најде во центарот на вниманието поради приказните за раскинувањето со Ненад Стевиќ, со кого сега очекува дете. – …Ова ќе биде мојата единствена изјава. Ненад и јас не сме емотивни партнери, туку сме партнери за цел живот. Тој е добар човек и ќе биде добар татко – нагласи таа, меѓу другото, на својот Инстаграм, додавајќи дека бебето сега е приоритет.
Фото: print screen/Instagram





