Познатата грчка пејачка Маринела (86) се бори за живот откако вечерва за време на концертот се онесвести на сцената.
Според локалните медиуми, големата дама на грчката народна музика има крварење во мозокот и е во критична состојба.
По падот Маринела наводно накратко се освестила во соблекувалната, по што била префрлена во болница.
Вознемирувачката сцена се случи веднаш по почетокот на концертот кога таа го испеа рефренот на еден од нејзините најголеми хитови „Ја и ти“.
– А ти, Боже мој, не научи толку многу да сакаме – гласи репликата по која Маринела се тетерави и падна.
Музичарите веднаш притрчаа на помош додека публиката немо гледаше што се случува. Концертот веднаш беше прекинат.
Еден од очевидците за грчките медиуми изјави дека Маринела не изгледала добро кога стапнала на бината и дека имала изгубен поглед.
Киријаки Пападопулу, позната по уметничкото име Маринела, ја објави својата прва песна во 1957 година, а досега има снимено 66 албуми.
Учествувала на Евровизија во 1974 година.
Фото: printscreen/youtube