Водителката Бојана Лазиќ открила како ги решила несогласувањата што ги имала со пејачката Барбара Бобак.
Бојана Лазиќ, која претходно изјави дека гостувањето на Барбара Бобак било едно од најнепријатните искуства во нејзината кариера, сепак одлучи да помине преку сѐ.

Водителката се огласи и откри дека ги решиле сите несогласувања и дека ќе има можност повторно да ја видиме како гостинка во емисијата што ја води.
– Барбара и јас разговаравме и ја решивме ситуацијата што ја имавме. После ова, ќе има можност таа да гостува во емисијата – откри водителката за Информер.

Да се потсетиме, пред неколку месеци, изјавата на Бојана за пејачката предизвика голема возбуда во јавноста.
– Многу доцнеше, па не пееше, а беше договорено дека ќе пее. Нејзината енергија во студиото беше катастрофа. Си помислив, колку години е на јавната сцена?! Три, четири… а се однесува како да е ѕвезда четириесет години. Нејзиното гостување беше непријатно искуство за мене – претходно изјави Бојана, која верува дека нејзиниот поранешен сопруг ја изневерил.
Foto: print screen/Instagram







