Пејачката Милица Тодоровиќ е исклучително приврзана за семејството, а малкумина знаат дека има две сестри Јована и Анѓела, како и брат Владан.
Таа неодамна објави семејна фотографија, а потоа и видео со нејзината постара сестра Јована, која до сега не била јавно експонирана.
Изгледот на Јована ги воодушеви сите, а многумина ја забележаа неверојатната сличност меѓу неа и Милица.
Инаку, Милица неодамна раскина со Лазар Граниќ, а како што вели за манекенот воопшто не и било тешко.
– Немав што да надминам. Немам ништо грдо и лошо да кажам за поранешниот партнер, се разделивме, кратко траеше. Останавме во добри односи, како што останав јас и со сите останати поранешни. Јас сум секогаш отворена за љубов, кога ќе дојде, добредојдена е. Не кријам, љубовта е најубавото нешто – изјавила таа.
фото: printskrin/instagrm/milicatodorovicofficial