Радио Милева да стане појасно

Ова се реалните 20 минути од снимањето на „Брза кујна“: Видео за сите што не се на чисто, вистина е или не?! (видео)

Ова се реалните 20 минути од снимањето на „Брза кујна“: Видео за сите што не се на чисто, вистина е или не?! (видео)

Секој работен ден до месец јуни гледачите на телевизија Сител имаат прилика веќе девет сезони наназад да го гледаат едно од најпопуларните кулинарски шоуа кај нас, „Брза кујна“.

Кандидати за учество кои сакаат да готват заедно со шефовите Никола и Бобан има постојано, па идури има и такви кои сакаат повторно да бидат дел и да ги покажат своите вештини пред камери.

Пофалби и забелешки во коментари на социјалните мрежи секогаш има, што логично се надоврзува за ова што го прават. Сепак, она за што најмногу имаат дилема и гледачите и натпреварувачите, е дали навистина реално успеваат да направат по три рецепти за само 20 минути?

Водителката Сања пред крајот на 9-тата сезона сподели сурово видео пред монтажа, за сите да се уверат дека успеаат се’ да стигнат во предвиденото време.

-Како изгледаат 20 минути во Брза Кујна? Оние кои биле знаат, сите кои само гледаат на ТВ сеуште не се на чисто, вистина ли е или не?!

Еве вака брзо поминуваат…

-Но, едно е јасно, ние секое снимање вистински се забавуваме и уживаме. Тимот ни е победнички и незаменлив. Атмосферата е одлична , а во готвењето како и во секоја друга работа најважно е да работите со многу љубов, а ние сите многу си ја сакаме својата работа. Ја заокружуваме полека 9та сезона и ја очекуваме јубилејната, 10та сезона .

За уште многу поубави моменти, уште повеќе вкусни рецепти, незаборавна забава и нови пријателства со нашите најдобри асистенти, порача Сања кој наедно ја најави и јубилејната сезона која стартува од есен.

фото: instagram printscreen/ sanja_saveska

To top