Радио Милева Од Егејот на Јадранот...

Од лежалка – на јахта, само не баш како како Северина, Бојана Нушкова сосе стрии, со се’, пак е секси „рибетина“ (ФОТО+ВИДЕО)

Од лежалка – на јахта, само не баш како како Северина, Бојана Нушкова сосе стрии, со се’, пак е секси „рибетина“ (ФОТО+ВИДЕО)

Бојана Нушкова и годинава летната сезона ја обои во свој тон. На македонската манекенка и топ модел Скопје очигледно и е тесно, Охрид и Дојран ич и не ги помирисува, ама затоа морето и е слабост, па секој викенд на некоја друга морска локација кинисува.

Така, долгоногата убавица деновиве Егејот го замени  со Јадранот. Песочните грчки бич бар ресорти веројатно и здосадија, па за да не западне во летна апатија, Бојана замина од Вардара до Јадрана.

Ама таму песокот е раритет, па карпестото крајбрежје тешко се гази, ама затоа сексапилната убавица тргна по други стази.

Копното го замени со вода, па наместо на брегот  летните убавини Бојана си ги доловила на едно од прекрасните морски пловила.

Од лежалка на Егејот, на Јадранот на јахта… Која, чија, каква, од колку јарди…  – останува предмет за трачеви на чаршиските „ретарди“. Она што е поважно е дека Бојана знае како се ужива.

Испружена на палубата ја сончала снагата, впивајќи го секој зрак од златното сонце, за поубав и потемен тен да има дамата… „Со стрии, со се’ “ – што би рекла шеговито самата!

Својот телесен раскош долгоногата убавица очигледно умее да го сподели и на бродските фотелји, пркосејќи и на жештината со чаша шампањско. За освежување или само за впечаток сеедно, важно неа да и е убаво, а вам возбудливо.

Внатрешноста на јахтата го прикажува сиот нејзин луксуз, во кој телесниот раскош на сексапилниот македонски топ модел му дава само дополнителна естетска компонента…

Ама помалку или повеќе и ја бранува фантазијата, потсетувајќи ги фановите на познатата хрватска пејачка на нејзината еротска авантура на јахтата, слична на оваа.

Од лежалка на Егејот, на јахта на Јадранот, само не баш како Северина…

Бојана Нушкова сосе стрии, со се’, пак е секси „рибетина“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

Фото: Инстаграм/boyananushkova

To top