Радио Милева скандал

Незадоволство кај посетителите: По концертот на Владо Георгиев, луѓето бараат да им се вратат парите

Незадоволство кај посетителите: По концертот на Владо Георгиев, луѓето бараат да им се вратат парите

По бројните поплаки од незадоволните посетители, Здружението на потрошувачи „Ефектива“ се огласи за концертот на пејачот Владо Георгиев.
Концертот во Белградската арена започна со повеќе од еден час доцнење, што предизвика незадоволство кај посетителите.

Како резултат на тоа, некои од нив изразија сомнеж дека пејачот, како што се случувало и претходно, можеби бил под дејство на алкохол и заборавил да излезе на сцената.

Поради големиот број поплаки, Здружението „Ефектива“ истакнува дека незадоволните посетители имаат право на фер намалување на цените на билетите. Причината е што некои морале порано да го напуштат концертот и немале можност да ги слушнат сите песни до крај.

„Синоќешниот концерт на Владo Георгиев започна со еден час задоцнување. Неколку посетители нè прашаа дали имаат право на фер намалување на цената на билетот, бидејќи не беа во можност да присуствуваат на целиот концерт. Наше мислење е дека за ова постои основа. Одговорноста е кај продавачот на билети, до кого корисниците можат да поднесат писмено барање за делумно враќање на парите“, соопшти здружението.

За потсетување, незадоволните фанови се огласија и на Инстаграм, а беше објавено и видео од местото на настанот. Една девојка се пожали дека морале да чекаат повеќе од еден час, додека Белградската арена не била ни до половина полна.

Други корисници на социјалните мрежи се придружија на жалбите, изразувајќи гнев поради истите проблеми.

„Има 1,5 промили алкохол“, „Се опијанил“, „Ужасно, непочитување кон публиката“, „Истото го направи пред 10 години“ – ова се само дел од коментарите што се појавија на мрежите.

Foto: print screen/Instagram/vladogeorgiev

To top