Пејачката Драгана Мирковиќ одлучила сите пари од својата турнеја да ги донира во хуманитарни цели.
Како што изјавила, таа одлука ја донела пред две години, но на јавноста и ја соопштила дури откако концертите биле распродадени.
– Работам како да немам ништо. Сè друго ми е помалку важно. Тоа ме исполнува и ме прави среќна. Тоа го решив пред две години. Не сакав да кажам дека е хуманитарно, за да не зборуваат злобните луѓе, како да не можам да распродадам две Арени. Дури кога се беше распродадено, реков дека мојата комплетна турнеја е хуманитарна – рече Драгана, која истакнува дека сега нема пари.
– Многу ризикував. Воопшто не ми е важно дали имам пари или немам затоа што сум некој што ќе работи и што ќе заработува. Кога работите, не се плашите од ништо. Немам пари во моментов бидејќи сето тоа отиде на турнеја и сето тоа отиде на хуманитарни концерти. Верувај ми, тоа може да се докаже многу лесно. Богата сум со други работи, но пари, тоа ми се ментална именка и воопшто не се срамам да го кажам тоа – изјавила пејачката и открила како сега заработува.
– Работам, пеам. Имам трошоци бидејќи никој не ми помага. Ниту мојот сопруг, бидејќи смета дека моја одлука е концертите да бидат хуманитарни. Мажите се малку поладни таму, но тоа не ја менува работата, реков дека така се чувствувам и така ќе биде. Додека не ја завршам турнејата – изјавила Драган за „24 sata.hr“.
фото: printskrin/instagram/dragana_mirkovic