Анета Љумаковска наместо да се радува за својот јубилеен 40-ти роденден, таа дочека тежок, најтежок ден, скршена од тага и болка од загубата на нејзиниот татко кој вчера почина ненадејно.
Анета во попладневните часови преку Инстаграм објава сподели дека се сочува со голема семејна загуба. Таа се прости од својот татко, а на заедничката фотографија каде му пее напиша:
“Ужваше секогаш кога ти пеев. Јас ќе продолжам да пеам, а ти ќе ме гледаш и ќе ме слушаш од таму горе некаде кај ангелите. Секогаш беше моја гордост. Почивај во мир тато”- стои во описот на објавата.
Тажната вест за смртта на сопругот ја сподели и мајката на Анета, Лилјана Љумаковска која со емотивна посевета се прости од својот верен брачен другар:
“Зошто ме остави??? Како јас ќе живеам без тебе???? Денес ме напушти мојот животен сопатник со кој поминавме 47 години заедно во добро и во лошо. Утре од 10 часот ќе биде изложен во капелата Св. Недела. Погребот е во 12 часот во Новите гробиšта”, напиша Лилјана на својот Фејсук профил.
Измешани емоции, солзи и неизмерна болка која не ја лечи ниту времето.
Сочувство до семејството!
фото:Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701/ Liljana Ljumakovska