Радио Милева ријалити шампион 2026

Најпознатата ријалити старлета го освои најгледаното реално шоу: Станија победи во „Елита 9“!

Најпознатата ријалити старлета го освои најгледаното реално шоу: Станија победи во „Елита 9“!

Станија Добројевиќ е една од најпознатите ријалити ѕвезди, инфлуенсерки и модели во регионот. Во текот на нејзината повеќегодишна кариера, таа учествуваше во бројни телевизиски формати, а во 2026 година го освои првото место во ријалити шоуто „Задруга – Елита 9“, со што уште еднаш го потврди својот статус на една од најпрепознатливите јавни личности на естрадната сцена.

Станија Добројевиќ победи и однесе дома 100.000 евра, додека Анели го освои второто место оваа сезона и освои 50.000 евра.
Станија имаше 36%, додека Анели имаше 32% од гласовите на публиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RTV PINK (@rtvpink)

Инаку, Станија Добројевиќ е висока 168 сантиметри, а е родена е на 17 март 1985 година во Вировитица.

Освен што победи на „Задруга 9 – Елита“, во текот на својата кариера, Станија беше учесничка во бројни реалити шоуа, вклучувајќи ги „Survivor Србија“, „Фарма“, како и во некои од претходните сезони на „Задруга“, а истовремено градеше кариера како модел и инфлуенсер.

Со години нејзиното име е меѓу најзастапените во домашните медиуми.

Благодарение на големата популарност и активното присуство на социјалните мрежи, таа останува една од најследените јавни личности во регионот.

Фото: Истаграм/rtvpink/stanijadobrojevic

To top