Радио Милева отмено и гламурозно

На венчавката ја видовме Љупка Митрова во мини венчаница, ама онаа што ја носеше на свадбената веселба е како ниедна друга што сте ја виделе

На венчавката ја видовме Љупка Митрова во мини венчаница, ама онаа што ја носеше на свадбената веселба е како ниедна друга што сте ја виделе

Бидна и големиот ден за познатата струмичанка Љупка Митрова која имаше викенд кој ќе го памети цел живот.

Еден ден пред свадбената веселба која беше закажана покрај плажа на терасата од еден хотел во Солун, Љупка и сега веќе сопругот Георги,  ставија параф пред матичар, а тоа го направија како мини свечена увертира на она што следеше наредниот ден.

Се омажи Љупка Митрова – Македонската инфлуенсерка врската ја круниса со брак

Ако за пред матичар невестата избрала мини елегантна и минималистичка венчаница, за сведбата изборот беше тотална спротивност, но од Љупка и тоа како беше очекувано.

Како сопственичка на своја модна линија која вклучува и венчаници, таа за себе го сакаше, а и го носеше најуникатното. Венчаница во шампањ нијанса, принцеза крој, слоевита и волуменозна со шлеп од неколу метри.

Асистенција за да се движи мораше да има од некој, но овој модел беше оној што таа го замислила, а за истиот работеше цел тим.

Очекувано беше и дека нема да остане само во оној неповторлив модел, па невестата се пресоблече во минималистичка и транспарентна тоалета припиена до линијата на телото.

Отмено и со стил, токму онака како што таа замислила.

Освен помпезната венчаница од која невестата беше во фокус, сe’останато беше сведено на минимализам и елеганција.

Честититки!

фото:Instagram printscreen/ljupka_mitrova

To top