Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков изминатиот викенд (31. јануари) „спапна на лудиот камен“.
Откако импресиите делумно слегнаа, невестата Билјана Стојановска, која наедно е директорка на маркетинг и финалсии во Канал 5 телевизија, преку својата матична куќа реши да открие нешто повеќе за нивната љубов, венчавката, но и тоа дека доаѓа најголемото, најубавото – младите чекаат принова.

Од фотографиите објавени на официјалната страница на телевизијата, може да се види дека невестата е во поодмината бременост, па штркот наскоро ќе слета во нивниот дом.
Инаку, Билјана и Дејан се запознале на нејзиното работно место каде тој веројатно бил поканет како гостин за пред камера, па тогаш и се случил тој судбоносен момент.

За потсетување, венчавката се одржа во кругот на најблиските, а исто и интимната веселба во една позната винарија.
Честитки и со лесно!
фото:Facebook/Biljana Stojanovska






