Преку својата успешна музичка кариера, фолк пејачката Стојне Николова води динамичен живот од кој мирот и спокојот по напорната работа го наоѓа во топлината на својот дом.
Не за џабе рекле дека никаде не е како дома, па уште откако ќе ги симнеш обувките од себе и ќе ги измиеш рацете, па ќе седнеш на омиленото место, тогаш како да само издишката е она што ти е најпотребно.

Вака некако и Стојне го опиша чувството кога е своја на своето, раскомотена и среќна во домот кој го покажа како изгледа пред своите фанови и следбеници на социјалните мрежи.
„Си доаѓам дома, а притоа сите обврски си ги завршив! Едно од најубавите чувства. Многу нови нешта следуваат! I’m so excited.“- напиша Стојне како текстуално дополнување на фотографијата.

Она што може да се забележи, нејзиниот ентериер зрачи со модерен минимализам и пријатна атмосфера.
Оваа објава е одличен потсетник дека без разлика колку ни е исполнето секојдневието, креирањето на сопствен „мирен рај“ дома е клучевиот рецепт за полнење на батериите пред новите предизвици.
фото:Instagram prointscreen/stojne_official/Gemini (ВИ)






