Патот на Александар Јосифовски од Охрид до големите балкански и светски сцени не е само обична приказна за еден пејач кој се појавил во телевизиско музичко шоу и преку ноќ станал познат.

Тоа е приказна за музиката наследена од мајката, за детството и семејните турбуленции, за Австралија, за рокенролот, за бендот и годините поминати далеку од големите телевизиски рефлектори, но и за еден исклучително тежок период во кој морал да се соочи со сопствениот порок.

Денес, Александар Јосифовски е препознатлив како долгокосиот охридски рокер со моќен вокал, харизма и сценско присуство. Но зад неговиот денешен имиџ стои човек кој поминал низ многу повеќе отколку што можеше да се види на телевизискиот екран.
Ова лето ние му бевме на гости… Дома кај охридскиот рокер Александар Јосифовски чија животна и професионална приказна полна со впечатливи детали и самиот ја раскажува во „Ништо лично“.

Меѓу останатото и за начинот на кој ја побарал раката на својата партнерка, денес негопва сопруга Ана и каква била нејзината реакција: „Јас уште од дома го подготвив мамецот со прстенот врзан наместо јадица на конецот од трската и ја поведов со мене на риболов. Почнавме да ловиме и и’ велам, види си фатила нешто. Гледај си фатила прстен… Алексеја (ќеркичката) ми рече да те прашам дали сакаш да ми бидеш жена? Тогаш сфати… Плачеше… А, тетка ми вика – абе јас го гледав видеото и не слушнав дека кажа ДА? Може плаче од што не сака“ – со смеење ја раскажа робарско-брачната авантура во која Александар Јосифовски „ја улови“ најдобрата риба“ во својот живот.

Овој момент од разговорот можете да го најдете во видеото подолу на 1:09:22 минути, а целиот поткаст со охридскиот рокер како и сите други досегашни изданија на „НИШТО ЛИЧНО“ ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (






