Радио Милева Свршена и насмеана

Уште една македонска пејачка во бело со свршенички прстен на раката: И Мина Блажев кажа – „ДА“

Уште една македонска пејачка во бело со свршенички прстен на раката: И Мина Блажев кажа – „ДА“

Мина Блажев влегува во едно од највозбудливите и најубавите поглавја во својот живот. Македонската пејачка неодамна откри дека е свршена, а изминатиот викенд со најблиските ја прослави љубовта, со офицална веридбата и го потврди кажаното судбоносно „ДА“.

Веста дека се свршила, Мина ја сподели на 13 септември, кога за првпат го покажа и вереничкиот прстен, кој на нејзината рака очигледно осамнал на едно од летните патувања  од другата страна на Јадранот, во Капри –  Италија.

Иако пејачката својот приватен живот внимателно го чува подалеку од очите на јавноста и засега не открива кој е нејзиниот избраник. Но, со новите фотографии сепак реши да сподели дел од атмосферата од прославата на која за да ја збогати забавата, се фатила за микрофонот и самата.

А таму – вистинско внимание привлекле две работи: „ергелата убавици“ составена од нејзините блиски другарки и секако вереничкиот стајлинг на свршеницата – идна невеста.

За специјалната пригода Мина избрала кусо бело фустанче со монистра и длабоко деколте од  едно познато модно ателје.

Белото, секако, одлично се вклопило во приказната, а краткиот крој, нежните детали и елегантната силуета ѝ дале посебен шарм на целата појава на згодната пејачка. Насмеана и расположена, Мина на фотографиите гордо го покажува и прстенот, па очигледно е дека славењето имало посебна причина.

Најдобар доказ расположението на другарките во моментот додека наздравуваат со чашите!

Веридбата е вообичаено само првата страница од свадбената приказна.

Сега останува најинтересниот дел – дали и кога Мина повторно ќе блесне во бело и каква венчаница ќе избере за големиот ден?

По ова издание, едно е сигурно – белото дефинитивно ѝ стои како создадено! Нека е со среќа!

Фото: Инстаграм/minablazev1

To top