Кога делуваш во сферата на уметноста, тогаш видиците и прецепцијата за отворање нови идеи можат да излезат од рамките на редовната творба и да преминат кон нешто друго. Некогаш тоа е близу до примарното, а некогаш и далеку поразлично, но сепак водено од една главна нишка – талентот и осетот за она замисленото се до комплетната реализација.
Па така, ако многу од пејачките се почесто ги гледаме и во улога на композитори, текстописци, водителки… тогаш се’ она поинакво по кое ги идентификуваме, воопшто не изненадува.

Адријана Алачки ја знаеме како пејачка, водителка на музички и кулинарски емисии, а нејзината колешка пак, Анета Љумаковска- Размоска секогаш ја поврзуваме само со песната, но се’ досега.
Имено, во едно од своите последни гостувања пред камера, поточно во емисијата „Везилка“, Анета и Адријана се најдоа во една ситуација од зад сцената која има „отвори очи“ за нов екстра профит од бизис и тоа партнерски, за кој дојдоа на идеја откако фризерката доцнеше за да ја подготви домаќинката и гостинката за снимањето.

-Бидна и фризурата, ама кој ја правеше?
Зад секој кадар и рефлектор, вистинските моменти се случуваат во шминкерната — далеку од очите на јавноста.
Кога одбројуваш едвај уште 5 минути до ,, акција” и влегуваш во студио, а фризерот објективно не стигнува… на сцената стапува Анета Љумаковска- Размоски. Кој вели дека нејзиниот талент е ограничен само на микрофонот и песна?
Со ретка професионална несебичност и без двоумење зеде чешел во рака и едноставно рече: „Дај, јас ќе ти помогнам!“ Ете тоа е одлика на вистински колега — природна емпатија. Анета, од утре официјално си отвораме и фризерско студио, а термините ги закажуваме во инбокс!- пишува Алачки на Инстаграм.
А еве го и резултатот од вештите раце на Анета:

Ако не водителка, тогаш зошто да не и фризерка!
Ние можеме да им дадеме и предлог за фризерскиот салон во најава кој доколу навистина решат да го почнат, може да се вика „Фризура на нота“, барам така предлага Вештачката интелигенција(ВИ)
фото: Instagram printscreen/adrijanaalacki/anetaljumakovskarazmoski2701





