Радио Милева преемотивно

Дарко Лазиќ ја расплака водивицата на Тома Здравковиќ додека пред преполната сала го пееше познатиот хит на легендата (видео)

Дарко Лазиќ ја расплака водивицата на Тома Здравковиќ додека пред преполната сала го пееше познатиот хит на легендата (видео)

На концертот организиран во чест на легендарниот Тома Здравковиќ, публиката сведочеше на исклучително емотивни сцени кога фолкерот Дарко Лазиќ се качи на сцената за да ги изведе неговите најголеми хитови.

Во првиот ред, преплавени со емоции, седеа вдовицата на Тома, Гордана Здравковиќ и нивната ќерка. Кога Дарко ги запеа познатите стихови од песната „Ево веќ је јесен, а тебе још те нема“, Гордана не успеа да ги задржи солзите.

Во тој момент, Лазиќ ѝ пријде, ја прегрна и истакна почит кон семејството, што ги разнежи сите присутни во салата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grand TV (@grand_televizija)

Покрај Лазиќ, на настанот се појави и Ана Бекута, која зборуваше за емоциите кои ги носат песните на Тома, но и за споменот на нејзиниот покоен партнер Милутин Мркоњиќ:

„Тома многу малку го познавав, но ги пеев неговите песни по хотелите ширум тогашна Југославија. Кога ме прашувате со која негова песна можам да заплачам…. но за тоа ми е потребно добро друштво и чаша вино. Додека Милутин беше тука, знаев со него да испијам чаша вино за време на ручекот, а сега тоа го правам со пријателите и со внуката“, кажа Бекута.

фото:Instagram printscreen/grand_televizija

To top