Пејачката Гоца Тржан откри што навистина мисли за Јелена Карлеуша, но и дека многу пати ја сонувала.
Иако некогаш ја вознемируваа новинарите кои често ѝ поставуваа прашања за албумите на Јелена, Гоца Тржан нема негативни емоции кон својата колешка, напротив, признава дека многу ја сака и дека нема никакви несогласувања со неа, како што мислеа многумина.

– На сцената често се појавуваат несогласувања. Во 2000-тите и 90-тите години бевме млади и луди, таа е сè уште луда, и јас сум луда, но малку се оладив – се пошегува Гоца и продолжи:
– Немавме никакви несогласувања, таа е едноставно различна од мене и тоа е во ред. Иако не е толку различна како што многумина мислат. Тоа го кажав неодамна, таа се претставува како дрска и груба, а тоа доаѓа од огромна потреба да биде прифатена и сакана. Тоа е сосема природно и го разбирам бидејќи и јас го правев истото. Сега малку се оладив, нема потреба од тоа, не ми е гајле – вели Тржанова.

Според нејзините зборови, Јелена ја познава уште од „таа его-тинејџерска фаза“.
– Таа сè сфаќа многу лично и јас целосно го разбирам тоа. Тоа е во ред, таква е нејзината природа. Ја сакам, мислам дека е… неколку пати и се јавив и и реков: „Ј*боте, те сонував “. Последниот пат кога сонував дека е тажна ја викнав и ѝ реков „Немој да го правиш тоа“, некои такви ситуации… не знам како да го објаснам… Ја поминавме речиси целата кариера заедно, таа има малку помалку години во шоу-бизнисот од мене. Навистина ја познавам долго време, дури и во таа тинејџерска фаза од 2000-тите. Сè што направила во животот е достојно за почит – изјави Гоца за Скандал.
Да потсетиме дека Тржан неодамна се појави на подкастот на Луна Ѓогани каде требаше да избира меѓу Јелена Карлеуша и Тања Савиќ.
foto: printscreen/Instagram/youtube/mega.zvezda.jk




