Радио Милева јубилеј

„Мирот и добрите луѓе се луксуз“ – За Емра Куртишова денес е посебен ден

„Мирот и добрите луѓе се луксуз“ – За Емра Куртишова денес е посебен ден

Денес, Емра Куртишова го слави својот јубилеј, 40 – ти  роденден, а нејзиниот Инстаграм профил беше полн со честитки од колегите и најблиските.

За нејзиниот посебен ден Македонската актерка, откри што си посакува но и колку е благодарна за сѐ што досега има.

Најважно, не чувствува дека е постара, туку поискусна, а мирот и добрите луѓе веќе знае дека се чист луксуз.

– Денес полнам 40. Не сум постара, само сум поискусна и малку поуморна. Зад мене се лекции што не се учат од книга.
Сум паднала, сум станала, сум се преправала дека сè е во ред и сум научила дека кафето, мирот и добрите луѓе се луксуз. На 40 конечно знам дека не морам на сите да им се допаднам, не морам сè да објаснувам, и „не ми се“ е сосема доволна причина. Си посакувам здравје, мир во глава и нерви што траат… Да се смеам почесто, да се грижам помалку и да си бидам најдобра верзија за себе и моите најблиски. 40 не се години. 40 е јас сум и таман ми е. Фала ти Боже за се’ што имам и немам! – напиша Емра покрај фотографијата од себе.

Инаку, Емра Куртишова е во брак со колегата Петар Стојанов, а нeодамна го прославија и вториот роденден на ќеркичката Лена. На социјалната мрежа Инстаграм тогаш, за убавиот повод и двајцата се огласија и споделија приватни моменти досега непознати за јавноста со кои ги „стопија“  следбениците.

Foto: Print screen/Instagram/emra.kurtishova

To top