„Дај ми лето и не ме мисли.Менувам три планини за едно море“ – девиза на инфлуенсерката Миа Костова која наместо да биде испружена на плажа со пијалок во рака под сончевиот чадот, таа е легната во постела.
За жал, наместо пијачка за освежување, Миа пие лекови за стомачниот вирус кој ја спопадна нејзе и синот Андрија.
-Да се пријавам за (полу)жива. 24 часа во пеколот. Оди кон подобро, еве ви една препорака ако ги најдете по Ск, ми средија стомак за 3 саата. И кај мене и кај Андрија со температура. Болки во стомак, глава, тело … Чувајте се, се гледаме за некој ден, стои во објавата.

Чарето очигледно се најде, па затоа Миа веднаш го објави како опција за оние кои се соочуваат со истото, а и како варијанта да се има дома за некои лоши денови.

Кога веќе е тргнато на пободро, се надеваме дека овој стомачен вирус ќе биде само една лоша епизода од ова лето, а ќе продолжи баш онака како што треба, убаво и со мерак додека се уште трае овој топол август, па и септември кој претстои.
Нека е со помин!
фото: Инстаграм принтсцреен/miandrija







