На последниот ден, годината што измина македонската пејачка Мартија Станојковиќ ја испрати со песна во… „Недоглед“. Модерна „ар ен би“ дует балада со Роберт Билбилов, која во текот на јануари зема полека зема замав како по бројот на вртења во радио етерот, така и по бројот на прегледи на Јутјуб за што секако придонесува и видеоспотот во кој младата кумановка со стил го истура сиот свој сексапил.

А стилот ем модерен и елегантен, ем ултрапровокативен и предизвикувачки, впрочем каков што знае тоа најдобро да го долови нејзината нова модна дизајнерка и пријателка, Љупка Митрова.

Песната речиси уште не стигнала ни асално да се изврти, еве ти ја Мартија со нова најава… За емотивен февруари!?
„Овој фустан ќе види солзи. Оваа песна ќе отвори срца. Дали сме спремни за емотивен февруари?“ – прашаува пејачката во кусото клипче на нејзиниот Инстаграм профил, во кое Мартија пробува елегантен фустан од провидна црна тантела, кој многу што открива… Од тоа какво тело има младата пејачка, до тоа каква долна облека носи сексапилната кумановка. Зашто фустанот е одново модел од колекцијата на нејзината струмичка креаторка, па затоа не ни чудно што Мартија во него изгледа налик на имиџот на Љупка Митрова.

Од она што го кажа не може баш прецизно да се заклучи за какви тоа февруарски емоции се работи, ама затоа од она што го покажа, по се’ изгледа дека во нејзината понуда, многу повеќе ќе има нова доза еротска возбуда!?

Како и не би кога пејачката тргнала по стапките на нејзината дизајнерка… Се разбира, кога е имиџот во прашање, зашто за да имаш ваков моден стил, мора да поседуваш неодолив сексапил.

А во креациите на нејзината дизајнерка Љупка Митрова, Мартија ја распламтува еротската фантазија, така што ако веќе овој фустан треба да види многу солзи, тоа сигурно ќе бидат „солзи радосници“… Барем за нејзините машки поклоници!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova/martijastanojkovic





