За Марјана Станојковска и тоа како е добро познато дека приватноста успева да ја крие како змија нозете и тоа доста вешто. За она што и се случува на љубовно поле знаат само оние во нејзиното блиско опкружување и тука застанува се’.
Пред неколку години се пишуваше дека е во врска со поранешниот македонски кошаркар Пеце Наумовски, но оттогаш не се слушнало или видло ништо ново. Нејзиниот, а и неговиот статус, сега се непознати.
Сепак, кога се љубовните вибрации кај Марјана во прашање, нешто има, посилни или послаби сигнали, не знаеме, но дека нешто се случува, тоа е сигурно откако за Денот на вљубените самата покажа дека била во автентично и романтично сценарио.
Луксузен амбиент и црвена торта во форма на срце која ја снимаше од секој агол за убаво да се види.
Она што по правило остана непроменето е тоа кој беше оној што и ја подари тортата?
Нејзиниот господин совршен можеби беше таму, или само како и претходно, Марјана приреди луксузно и мустериозно сценарио кое помина само како рекламно или… навистина тој е тој?!
фото:Instagram printscreen/marjanamay